Ahmet Gürhan Kartal
30 Март 2017•Ажурирај: 30 Март 2017
ЛОНДОН (АА) - Британската влада денес објави детали од планот за замена на повеќе од илјада закони на ЕУ во Велика Британија со домашно законодавство, јавува Anadolu Agency (AA).
Еден ден откако британската премиерка Тереза Меј го започна официјално процесот за излегување (Брегзит) од Европската Унија, министерот за Брегзит, Дејвид Дејвис, во Долниот дом на британскиот Парламент го презентираше обемниот предлог-закон.
Многу од законите на ЕУ кои се планира да се заменат се однесуваат на правта на работниците, заштитата на животната средина и правата на потрошувачите, а критичарите се плашат од ослабување на сето претходно набројено бидејќи предлог законот ќе помине без парламентарен надзор и контрола.
Нацрт-законот, кој се очекува да биде еден од најголемите сегменти на законодавството во историјата на Велика Британија, ќе го замени четиридецениската легислатива на ЕУ со домашното законодавство, ќе го укине Актот на Европските заедници и ќе ја изземе Велика Британија од јурисдикцијата на Европскиот суд на правдата. Тој ќе стапи во сила на денот кога Обединетото Кралство ќе ја напушти ЕУ.
„Откако ЕУ законите ќе се трансформираат во домашно право, парламентот ќе биде во можност да го достави законот за измена, укинување или подобрување на кој било дел од законите од ЕУ“, istakna Дејвис.