Ekipa
30 Март 2017•Ажурирај: 30 Март 2017
ЛОНДОН (АА) - Британските спасувачи денес ги пронајдоа телата на петте лица кои загинаа при падот на хеликоптерот што исчезна на патот од Англија до Ирска, пренесува Anadolu Agency (AA).
Големата потрага по приватниот хеликоптер беше започната вчера, откако леталото исчезна на патот од Лондон за Даблин.
Британските и ирските спасувачки екипи трагаа по хеликоптерот во водите на Ирското Море, но остатоците ги пронашле во планинското подрачје на националниот парк Сноудонија, во северен Велс.
Од полицијата на Велс соопштија дека остатоците од хеликоптерот и од телата на пет лица, чии идентитети не се откриени, ги пронашле на многу непрооден терен.
„Временските услови беа лоши, а видливоста на одредени места беше намалена на помалку од 10 метри“, се наведува во соопштението на полицијата.