Bedrudin Brlyavac
08 Септември 2016•Ажурирај: 08 Септември 2016
ВИЕНА (АА) - Министерот за надворешни работи на Австрија, Себастијан Курц, вчера изјави дека е многу сигурен оти по Брегзит ќе биде пронајдено решение за нов однос меѓу Европската Унија (ЕУ) и Велика Британија, јавува Anadolu Agency (AA).
На самото отворање на Конференцијата на амбасадори акредитирани во Австрија, Курц истакна дека по Брегзит, потребно е сите во ЕУ да бидат, како што тој рече, поубедливи Европјани и другите да ги убедат во предноста на Унијата.
„Уверен сум дека ќе успееме да го регулираме нашиот однос со Лондон на добар начин, и дека ќе биде можна економска размена меѓу двете страни“, изјави Курц.
Тој додаде дека веќе постои јасна визија на ЕУ, најгласувајќи дека нема потреба да се измислува нова.
„Визијата на ЕУ постои и не мора сега да се измислува некоја друга бидејќи ЕУ донесе повеќе сигурност, мир и стабилност и со сигурност тоа беше и остана најважна мисија на оваа заедница. За повеќе мир, потребна е поактивна надворешна политика, но во иднина и одбранбена унија“, изјави Курц.
На крајот, тој истакна дека за поголем степен на безбедност и стабилност во ЕУ, потребно е да се пронајде решение за бегалската криза во Европа.