Muhammet Nazım Taşçı
18 Септември 2019•Ажурирај: 19 Септември 2019
АНКАРА
Бурата проследена со поројни дождови предизвика смрт на 18 лица во индиската сојузна држава Утар Прадеш, јавува Anadolu Agency (AA).
Според веста што ја објави „Прес траст оф Индија“ (Press Trust of India PTI), власта соопштила дека како последица од удар на гром во Азамгарх животот го загубиле 4 лица, а по двајца во местата Амбедкар Нагар и Лалитпур.
Во подрачјето на Хардои, Фатехпур и Раебарели, животот го загубиле 10 лица, од кои 7 починале во поплави, а 3 од каснување на змија.
Премиерот на Утар Прадеш, Јоги Адитјанат, изразувајќи им сочувство на семејствата на починатите, соопшти дека на семејствата на жртвите ќе им биде исплатено обештетување во висина од 400.000 индиски рупии (околу 5.100 евра).
Во Јужна Азија, во периодот јуни - септември активни се монсунските дождови, кои секоја година предизвикуваат разорни природни катастрофи и несреќи.