Dildar Baykan
18 Септември 2019•Ажурирај: 18 Септември 2019
ВАШИНГТОН (АА) - Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Доналд Трамп, соопшти дека на државниот секретар за финансии, Стивен Мнучин, му дал инструкции за зголемување на санкциите кон Иран, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Само што наредив државниот секретар за финансии значително да ги зголеми санкциите против Иран“, напиша Трамп на Твитер.
Тензиите кои траат веќе подолг период помеѓу САД и Иран, се зголемија уште повеќе по нападот врз саудиската национална нафтена компанија „Сауди Арамко“ (Saudi Aramco).
САД тврдат дека зад овој напад стои Иран.