Muhammet Nazım Taşçı
18 Септември 2019•Ажурирај: 22 Септември 2019
АНКАРА (АА) - Министерката за финансии на Индија, Нирмала Ситараман, соопшти дека Кабинетот ја ратификувал забраната за електронски цигари, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Тоа значи дека се забранети производството, увозот и извозот, транспортот, продажбата, дистрибуцијата, складирањето и маркетингот на електронските цигари“, истакна Ситараман.
Таа рече дека оваа одлука на Кабинетот ќе биде поднесена за одобрување до претседателот на Индија, Рам Нат Ковинд, со цел забраната веднаш да стапи во сила.
Министерот за здравство на Индија, Харш Вардан, преку Твитер нагласи дека лицата кои ќе складираат електронски цигари и слични направи, ќе се соочат со затворска казна до 6 месеци, или со парична казна од 700 долари.
Експертите велат дека електронските цигари кои се особено популарни меѓу младите, се причина за различни болести, и дека оваа состојба достигнала загрижувачки димензии.