Ahmet Dursun
24 Март 2020•Ажурирај: 26 Март 2020
АНКАРА (АА) - Универзитетот за здравствени науки на Северен Хорасан во Иран соопшти дека досега во покраината Северен Хорасан Ковид-19 е откриен кај 189 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Се наведува дека 19 од тие пациенти починале, а меѓу починатите има и едно шестгодишно дете.
Исто така се забележува дека 99 лица кои имале Ковид-19 закрепнале и биле пуштени од болниците.
- Најмладата жртва на вирусот има 3 години -
Иако се вели дека ризичната група во однос на вирусот Ковид-19, кој предизвика глобална епидемија во светот за кратко време по неговото појавување, се старите и болни лица, лекарите предупредуваат дека со овој вирус може да се заразат и деца и да предизвика фатални последици кај децата и младите со слаб имунитет.
Иранското Министерство за здравство на 14 март соопшти дека просечната возраст на оние кои починаа од последиците на заразата со новиот вид коронавирус изнесува 67 години, просечната возраст на заразените со оваа болест е 54, а најмладата жртва на вирусот е тригодишно дете со леукемија.
- Во Иран закрепнаа и се пуштени од болница 8.376 лица -
Во Иран, земјата каде што има најмногу жртви по Италија, вирусот најпрво беше откриен во градот Ком на 19 февруари, а потоа се рашири во сите покраини.
Во земјата бројот на заразени изнесува над 23.000, додека бројот на починати лица 1.812.
Во Иран од коронавирусот закрепнаа и се пуштени од болница 8.376 лица.