Dildar Baykan
18 Септември 2019•Ажурирај: 19 Септември 2019
ВАШИНГТОН (АА) - Претседателот на САД, Доналд Трамп, соопшти дека за советник за национална безбедност во Белата куќа ќе го назначи Роберт О’Брајан, кој е специјален претставник на американскиот Стејт департмент за заложнички прашања, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Задоволство ми е да соопштам дека ќе го именувам Роберт К. О’Брајан, кој моментно е многу успешен специјален претставник на Стејт департментот за заложнички прашања, за наш нов советник за национална безбедност“, напиша Трамп на Твитер.
Тој нагласи дека веќе долго време напорно работел со О’Брајан, и додаде: „Тој ќе заврши одлична работа.“
Инаку, Трамп минатата недела го разреши Џон Болтон од функцијата советник за национална безбедност.