Adam Abu Bashal
18 Септември 2019•Ажурирај: 18 Септември 2019
АБУЏА
Во западноафриканската држава Либерија избувна пожар во еден интернат, при што животот го загубија најмалку 30 деца, јавува Anadolu Agency (AA).
Мозес Картер, портпаролот на полицијата, изјави дека во подрачјето на Пејнсвил во близина на главниот град Монровија во интернатот на училиште во кое се предавала исламска веронаука, избувнал пожар во кој животот го загубиле најмалку 30 лица.
Портпаролот Картер истакна дека пожарот избувнал за време на наставата, додавајќи дека засега не е позната причината поради која дошло до пожарот.
Претседателот на државата, Жорж Веа, на својот профил на социјалните мрежи напиша „Им изразувам сочувство на семејствата кои синоќа ги загубија своите најблиски во пожарот што избувна во подрачјето на Пејнсвил. Ваквата состојба е тешка и за семејствата на жртвите и за Либерија.“