?kipa
27 Март 2018•Ажурирај: 27 Март 2018
МОСКВА (АА) - Рускиот претседател Владимир Путин за утре прогласи национален ден на жалост за жртвите од пожарот во трговскиот центар во кој настрадаа најмалку 64 лица, пренесува Anadolu Agency (AA).
Путин претходно, во текот на денот, пристигна во Кемерово за да се запознае со деталите на истрагата за пожарот, во кој беа заробени десетици деца и родители, кои во неделата дојдоа во забавниот центар за првиот викенд од школскиот распуст. Путин, меѓутоа, не излезе пред илјадниците бесни демонстранти кои се собраа на Централниот градски плоштад и бараа транспарентна истрага и објавување на точниот број на жртвите.
По низа повици да се прогласи национален ден на жалост, Кремљ денес соопшти дека претседателот за утре прогласил ден на жалост.
Во неколку руски градови, вклучувајќи ја и Москва, планирани се собири за денес попладне, во знак на жалост за жртвите.