Tufan Aktaş
14 Септември 2020•Ажурирај: 14 Септември 2020
ДАР ЕС САЛАМ
Десет деца го загубија својот живот во пожарот што избувна во основно училиште во северниот дел на Танзанија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Марко Кагути, регионален комесар во Кагера, во изјава за АА истакна дека изутрина избувнал пожар во интернатот на Основното училиште „Бјамунгу“, каде што наставата се изведува на англиски јазик.
Кагути информираше дека во пожарот загинале 10 деца на возраст од 6 до 12 години.
Тој нагласи дека тим составен од полицајци и пожарникари започнале истрага за откривање на причината за пожарот во училиштето, во чиј дом престојуваат 74 деца.
Властите нагласија дека постои загриженост поради можност за зголемување на бројот на жртви.