Erbil Başay
18 Септември 2019•Ажурирај: 19 Септември 2019
БЕРЛИН (АА) - Германија одлуката за спречување на извоз на оружје на Саудиска Арабија ја продолжи на уште шест месеци, јавува Anadolu Agency (AA).
Германските медиуми, повикувајќи се на владини извори, наведуваат дека одлуката е продолжена до 31 март 2020 година. Германската Влада, која во ноември го запре извозот на оружје во Саудиска Арабија поради убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги во саудискиот Конзулат во Истанбул, оваа одлука првично ја продолжи до 30 септември.
Саудиска Арабија минатата година купи оружје од Германија во вредност од 417 милиони евра. Само Алжир купи повеќе германско оружје во 2018 година, и тоа во вредност од околу 741,5 милиони евра.
Германија пред три години на Саудиска Арабија ѝ продаде оружје во вредност од 530 милиони евра, а во 2017 година таа продажба ја редуцираше на 249 милиони евра.