Vesna Besiç
10 Март 2018•Ажурирај: 11 Март 2018
БУДИМПЕШТА (АА) - Будимпешта, град на брегот на Дунав и главниот град на Унгарија, со историска и културна градба секојдневно привлекува голем број туристи од целиот свет, а тоа го забележа и објективот на фоторепортерот на Anadolu Agency (АА).
Вниманието на туристите на унгарскиот главен град го привлекува првенствено уникатниот спој на богатата историја, култура и традиција, но исто така и модерниот град. Ова е еден од најубавите европски градови, има многу атракции, вклучувајќи го и Будимскиот замок, авенијата Андраши, Плоштадот на хероите и Милениумската подземна железница.
Меѓу знаменитостите се издвојува и базиликата на Свети Стефан висока 96 метри, а во неа се наоѓаат мумифицирани остатоци од првиот унгарски крал Стефан I. Таа е трета по големина црква во Европа.
Зградата на Унгарскиот парламент е изградена во неоготски стил и се смета за еден од најдобрите примери за историцизмот.
Некогаш беше најголемата зграда на парламентот во светот, а денес таа се уште е трета. Со базиликата на Свети Стефан е највисоката зграда во Будимпешта.
Тука е исто така и Рибарскиот бастион, неоготската тераса со прекрасен поглед на градот.