Furkan Naci Top
10 Март 2018•Ажурирај: 11 Март 2018
АТИНА (АА) - Двајца германски новинари беа уапсени во Грција во близина на турската граница, јавува Anadolu Agency (AA).
Тие биле фатени во забранетата воена област во Диметок. Локалните медиуми известуваат дека новинарите се вработени во германскиот канал „ARD“ и дека биле проследени до Обвинителството.
Станува збор за новинари на возраст од 31 и 33 години, од кои една од нив е жена. На случајот реагираше и Амбасадата на Германија во Атина.
Во изјавата за полицијата, новинарите кажале дека работат на вести за Турците, кои преку илегален пат се вратија од Германија во Турција.