Alaattin Doğru
18 Мај 2019•Ажурирај: 20 Мај 2019
ДАКАР (АА) - Поројните врнежи од дожд кои предизвикаа поплави во Бамако, главниот град на Мали, досега одзедоа 28 човечки животи, јавува Anadolu Agency (AA).
Според вестите објавени во локалните медиуми, интензивните врнежи од дожд кои се активни во Бамако од четвртокот досега, предизвикаа поплави и прелевања во голем број подрачја на градот.
Официјалните власти соопштија дека поплавите и прелевањата предизвикале свлечишта во кои бројот на загинати од 15 се искачил на 28 лица.
Дождовите предизвикаа оштетувања на голем број домови и работни простории.
Поројните врнежи од дожд често предизвикуваат смртни случаи на Мали, бидејќи куќите во оваа земја претежно се изградени од ќерпич.