Mahmut Atanur
18 Мај 2019•Ажурирај: 19 Мај 2019
ЏАКАРТА (AA) - Земјотрес со јачина од 5,6 степени по Рихтер ја погоди индонезиската покраина Западна Јава, јавува Anadolu Agency (AA).
Националниот центар за метеорологија, клима и геофизика (BMKG), објави дека епицентарот на земјотресот е забележан 212 километри јужно од регионот Пангандаран, на длабочина од 33 километри.
Според првите информации, во земјотресот нема загинати ниту повредени.
Националниот центар за метеорологија најпрвин соопшти дека јачината на земјотресот изнесувала 5,9 степени, но во обновената информација е потврдено дека земјотресот бил послаб за 0,3 степени.
Пацифичкиот центар за цунами соопшти дека нема опасност од цунами.