Şenhan Bolelli
18 Мај 2019•Ажурирај: 20 Мај 2019
МАДРИД (AA) - Извозот на иранската сурова нафта во мај опадна на 500.000 барели дневно, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според изворите од нафтената индустрија, извозот на иранската нафта е намален откако Соединетите Американски Држави (САД) ги заострија санкциите на главниот извор на приходите на Техеран, продлабочувајќи ги глобалните загуби во снабдувањето со овој енергенс.
Потсетуваме, Соединетите Американски Држави повторно воведоа санкции на Иран во ноември, откако се повлекоа од Договорот за нуклеарната програма помеѓу Техеран и шесте светски сили, склучен во 2015 година.
Вашингтон овој месец исто така укина изземување од санкции меѓу увозниците на иранската нафта, со што сака да ја намали иранската продажба до нула.