свет

Британската нискотарифна авиокомпанија „изиЏет“ ги укина летовите за Израел до крајот на октомври

- Од компанијата соопштија дека одлуката е донесена поради развојот на настаните во Израел

Ahmet Gençtürk  | 16.04.2024 - Обновена : 19.04.2024
Британската нискотарифна авиокомпанија „изиЏет“ ги укина летовите за Израел до крајот на октомври

АНКАРА (АА) - Британската нискотарифна авиокомпанија „изиЏет“ денес објави дека ги прекинува летовите кон Израел до 27 октомври, известува Анадолу.

„Поради развојот на настаните во Израел, „изиЏет“ одлучи да ги прекине летовите за Тел Авив во текот на летната сезона“, соопшти портпаролот на компанијата за медиумите.

Од компанијата во неделата соопштија дека ќе ги прекинат летовите кон Израел од вторник.

По иранскиот напад на Израел, неколку авиокомпании одлучија привремено да ги запрат летовите за Иран од безбедносни причини.

Иран во саботата го нападна Израел поради нападот што израелските сили го изведоа врз иранскиот Конзулат во Дамаск.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın