Zeynep Hilal Karyağdı
03 Ноември 2016•Ажурирај: 03 Ноември 2016
БАГДАД (АА) - Во ирачкиот главен град Багдад, извршени се неколку бомбашки напади во кои животот го загубија 5 лица, а 14-мина се ранети, јавува Anadolu Agency (AA).
Капетанот Јасир ел-Мустафа од багдадската полиција, за AА изјави дека во главниот град, во близина на продавница бил поставен експлозив. Во експлозијата, 2 лица го загубија животот, а 6-мина се ранети.
Во подрачјето на Ед-Девре, при минување на патролно возило на шиитската милиција Хашд ал-Шаби била активирана бомба поставена на патот, од која загинале двајца припадници на милицијата, додека тројца се ранети.
Капетанот Мустафа информираше дека експлозивната направа оставена покрај патот усмртила едно лице, додека 5-мина се ранети.
Засега никој не ја презеде одговорноста за нападите.
Поради безбедносната состојба во Багдад, главниот град е честа цел на насилства и бомбашки напади. Ирачките власти го бранат ставот дека зад овие напади стојат групи кои се поврзани со терористичката организација ДЕАШ.