Büşra Nur Bilgiç Çakmak
25 Декември 2019•Ажурирај: 26 Декември 2019
АНКАРА
Папата Франциск во своето традиционално обраќање по повод Божиќ говореше за меѓународната мигрантска криза, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Неправедно е она што ги тера да преминуваат пустини и мориња кои стануваат гробишта“, рече Папата во традиционалниот говор „Urbi et orbi“ („До градот [Рим] и до светот“), обраќајќи се од балконот на базиликата „Свети Петар“ во Ватикан.
„Неправедно е да се одбиваат од местата каде што може да пронајдат надеж за достоинствен живот, а наместо тоа, се наоѓаат пред sидовите на рамнодушноста“, додаде 83-годишниот духовен лидер на католичкиот свет.
Папата, исто така апелираше за мир во подрачјата со судири на Блискиот Исток, Венецуела, Украина и во неколку африкански земји.
Христијаните кои Божиќ го одбележуваат според грегоријанскиот календар, денеска присуствуваат на божиќните миси.