Ekipa
15 Април 2018•Ажурирај: 16 Април 2018
БЕЈРУТ (АА) - Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Фрaнсиско, изјави дека е длабоко вознемирен поради неуспехот на меѓународната заедница да најде заеднички одговор на кризата во Сирија и на други места во светот, јавува Anadolu Agency (AA).
Папата на традиционалната неделна миса рече: „И покрај сите достапни алатки на меѓународната заедница, тешко е да се постигне договор за заедничко делување за воспоставување на мир во Сирија и во другите региони на светот.“
Тој побара од верниците да му се придружат во молитвата и ги повика светските лидери да помогнат да победи правдата.
Како одговор на нападот со хемиско оружје во Дума на 7 април, САД, Велика Британија и Франција во саботата бомбардираа повеќе позиции на силите на режимот на Башар ал-Асад во Дамаск и Хомс, а станува збор за складишта со хемиско вооружување.