Ekipa
15 Април 2018•Ажурирај: 16 Април 2018
БАРСЕЛОНА (АА) - Повеќе од 100.000 поддржувачи на независноста на Каталонија денес протестираа низ улиците на Барселона, барајќи ослободување на сепаратистичките лидери кои се во притвор пред судењето, јавува Anadolu Agency (AA).
Денешните демонстрации беа организирани од групи кои се залагаат за независност на Каталонија, од граѓанското движење „Каталонско народно собрание (ANC)“ и „Омниум“, чии претседатели се меѓу деветмината сепаратисти кои во моментов се во затвор и го чекаат судењето, по повод учеството на минатогодишниот референдум за отцепување на тој шпанскиот регион.
Двата водечки работнички синдикати во Шпанија го поддржуваат протестот, и покрај жалбите од некои свои членови кои не сакаат независност на Каталонија.
Движењето за отцепување на тој богат регион ја воведе Шпанија во најдлабоката институционална криза во последните неколку децении.
Партиите кои се залагаат независност на Каталонија го чинат мнозинството во регионалниот Парламент и по декемвриските избори.