Şerife Çetin
04 Февруари 2020•Ажурирај: 07 Февруари 2020
БРИСЕЛ (АА) - Белгија од јануари 2021 година воведува забрана за рекламирање на сите тутунски производи, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Белгискиот телевизиски канал ВРТ (VRT) соопшти дека одлуката е усвоена во Парламентот.
Според одлуката, од јануари 2021 година ќе биде забрането рекламирањето на тутунските производи пред и во продавниците.
Истовремено ќе биде забрането консумирање цигари во возилата доколку во нив се наоѓаат малолетници.
Се истакнува дека одлуката е донесена со цел намалување на консумацијата на цигарите, кои се еден од основниот причинител за карцином на бели дробови.