Fatih Hafız Mehmet
04 Септември 2019•Ажурирај: 05 Септември 2019
БРИСЕЛ (АА) - Белгија продолжува да функционира без влада 100. ден по општите избори кои беа одржани на 26 мај, јавува Аnadolu Agency (AA).
Белгискиот крал Филипе ги назначи искусните политичари Дидиер Рејндерс и Јохан Ванде Ланот да посредуваат меѓу партиите четири дена по изборите, но сепак, нивните напори за постигнување одредени резултати досега се безуспешни.
Не се успеа да се воспостави коалициска влада на федерално ниво и напорите за создавање на регионални влади во регионите Фландрија и Валонија, не успеаја, исто така.
До денеска функционира само регионална Влада во главниот град Брисел.
Рејндерс и Ланот го известија кралот во врска со разговорите за коалицијата од изборите и двајцата политичари минатата недела успеаја да донесат седум партии на масата за преговори.
Како и да е, се забележува дека споровите засновани врз етничките разлики помеѓу Фламанскиот Регион каде што се зборува холандски и Валонскиот Регион каде што се зборува француски, ги блокираат разговорите на коалицијата.
Рејндерс и Ланот се очекува наредниот понеделник да се консултираат со кралот во врска со чекорите за надминување на политичката безизлезна ситуација.
По општите избори во 2010 година, западноевропската нација беше без влада 541 ден.
Белгија беше без влада 194 дена по изборите во 2007 година, 148 дена по изборите во 1988 година, 107 дена по изборите во 1979 година и 102 дена по изборите во 1992 година.