Gamze Türkoğlu Oğuz
11 Септември 2018•Ажурирај: 12 Септември 2018
ВАШИНГТОН (АА) - Портпаролката на Белата куќа, Сара Сандерс, потврди дека се работи на организацијата на вториот состанок помеѓу американскиот претседател, Доналд Трамп, и севернокорејскиот лидер, Ким Џонг Ун, јавува Anadolu Agency (AA).
Сандерс на прес-конференција потврди дека Трамп добил писмо од севернокорејскиот претседател Ким, и дека писмото е позитивно.
Таа додаде дека доколку Ким во писмото не бил согласен за нова средба, тогаш Белата куќа нема да објавила детали од писмото упатено до Трамп.
„Целта на ова писмо првенствено е да се договори нов состанок со претседателот Трамп“, порача Сандерс.
Таа истакна и дека Трамп смета дека Северна Кореја остварила многу значаен успех, и дека последното писмо упатено до Трамп е уште еден од доказите за јакнење на односите.
Трамп и Ким се сретнаа на 12 јуни оваа година во Сингапур, кога го потпишаа и историскиот договор кој предвидува отстранување на нуклеарното оружје од Корејскиот Полуостров.