свет

Бајден: Индопацифичката економска рамка ќе биде од корист за регионот

Бајден, кој ја започна својата прва азиска турнеја откако ја презеде функцијата во јануари 2021 година, ги продолжува средбите во Јапонија, каде што пристигна вчера по посетата на Јужна Кореја

Ahmet Furkan Mercan  | 23.05.2022 - Обновена : 23.05.2022
Бајден: Индопацифичката економска рамка ќе биде од корист за регионот Фото: David Mareuil/AA

ТОКИО (АА) - Американскиот претседател Џо Бајден истакна дека Индопацифичката економска рамка (IPEF), која ќе ја промовира во Токио, ќе има корист за регионот, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Бајден, кој ја започна својата прва азиска турнеја откако ја презеде функцијата во јануари 2021 година, ги продолжува средбите во Јапонија, каде што пристигна вчера по посетата на Јужна Кореја.

Бајден беше пречекан од јапонскиот премиер Фумио Кишида во државниот гостински дом „Акасака“ во подрачјето на Минато во главниот град.

Говорејќи на „Самитот Јапонија-САД“, Бајден јапонскиот премиер Кишида го нарече добар пријател.

Тој истакна дека Соединетите Американски Држави (САД) се „целосно посветени на одбраната на својот сојузник Јапонија“ и додаде: „Алијансата САД-Јапонија е камен-темелник за индопацифичкиот мир и просперитет.“

Истакнувајќи дека двете земји „и денес и во иднина ќе се справат со предизвиците заедно“, Бајден изрази благодарност за ставот на Јапонија за руските напади врз Украина.

Од друга страна, јапонскиот премиер рече дека САД ќе го зајакнат својот интерес за Индопацифичкиот регион под сите околности.

Осврнувајќи се на важноста на Индопацифичката економска рамка, што ќе се промовира во Токио, Бајден рече дека „ќе соработува со другите земји во регионот и ќе обезбеди опипливи придобивки за луѓето од Индопацифичкиот регион“.




На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.