Ekip
22 Мај 2022•Ажурирај: 23 Мај 2022
ГАЗА (АА) - Палестинците ја осудија одлуката на американската администрација да ја отстрани радикалната еврејска група Ках од листата на терористички организации, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во петокот Стејт департментот отстрани пет екстремистички групи од листата на странски терористички организации, вклучувајќи го и Движењето Ках.
Палестинската управа со седиште во Рамала ја нарече одлуката на САД „награда за оперативците на оваа терористичка организација“.
„Постапките на американската администрација се спротивни со нејзините зборови и не се во согласност со определбите за мир и стабилност“, се наведува во соопштението.
Движењето Ках е прогласено за терористичка група во Европската Унија и во Израел, каде на нејзиниот основач Меир Кахане му било забрането да учествува на изборите во 1988 година.