Fuat Kabakçı
18 Декември 2016•Ажурирај: 19 Декември 2016
ПЕКИНГ (АА) - Кинеското Министерство за одбрана соопшти дека американската подморница запленета во Јужното Кинеско Море ќе биде вратена во САД, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на министерството, Јанг Јуџун, соопшти дека истрагата за бродот кој кинеската војска го заплени на 15 декември е завршена и дека сè уште трае континуираната комуникација меѓу САД и Кина за решавање на прашањето.
Јанг нагласи дека по истрагата е одлучено Кина на соодветен начин да ја врати беспилотната подморница на САД.
Тој потсети дека САД често, во близина на Јужното Кинеско Море, пушта бродови и авиони за воено набљудување и истражување.
„Кина одлучно се противи на ваквиот тип активноси од страна на САД, и од Вашингтон побара да ги прекине ваквите активности“, истакна Јанг.
Тој додаде дека Кина ќе продолжи да биде внимателна кога станува збор за активностите на САД во Јужното Кинеско Море и ќе ги преземе сите неопходни мерки.
Претставник на поморските сили на кинеската армија вчера соопшти дека во Јужното Кинеско Море е забележана подморница чија припадност не е позната, и дека е под истрага со цел да се постигне безбедност во сообраќајот.
Портпаролот на Пентагон, Џеф Дејвис, изјави дека кинеската подморница во Јужното Кинеско Море запленила американска подморница која била во функција на научно истражување. Според него, САД го побарале нејзиното враќање.