Fuat Kabakçı
18 Декември 2016•Ажурирај: 19 Декември 2016
ПЕКИНГ (АА) - Нивото на загаденост на воздухот во централниот и северниот дел на Кина е осумпати поголемо од горната граница на дозволените вредности, кои ги одреди Светската здравствена организација (СЗО), јавува Anadolu Agency (AA).
Кинескиот национален метеоролошки институт соопшти дека во провинцијата Хенан, Шанкси и Хубеи и градовите Тијанџин и Пекинг е прогласен црвен метеоаларм.
Институтот соопшти дека последиците од загадувањето на воздухот го почувствувале најмалку 24 градови и дека ова досега е најголемото загадување во овој период од годината.
Додека е на сила црвениот аларм, запрена е изградбата, додека пак во одредени области прекината е наставата во училиштата. Во Пекинг ќе се воведе и правилото пар-непар во сообраќајот.
Засилени се мерките за контрола, со цел да се види колку фабриките ги почитуваат рестриктивните мерки. Загадувањето на воздухот може да трае до среда.
Повеќето големи градови во Кина се на рангот најзагадени градови во светот.