свет

Кина: Тајфунот Лекима усмрти 13 лица, откажани летови, евакуирани стотици илјади луѓе

Поради тајфунот кој влијаеше врз животите на 3 милиони луѓе, од покраината се евакуирани 752.000 лица, а од градот Шангај во безбедни подрачја се префрлени 253.000 лица

Fuat Kabakcı  | 10.08.2019 - Обновена : 12.08.2019
Кина: Тајфунот Лекима усмрти 13 лица, откажани летови, евакуирани стотици илјади луѓе

ПЕКИНГ (АА) - Тајфунот Лекима, кој е активен во источниот дел на Кина, досега одзеде 13 животи, а 16 лица се водат за исчезнати, пренесува Anadolu Agency (AA).

Кинеската национална телевизија (CCTV) објави вест во која информира дека утрово на источниот брег од државата удрил тајфунот Лекима, дејствувајќи во покраината Џеѓанг.

Лекима, кој е 9-ти тајфун кој ја зафаќа Кина оваа година, има сериозно дејство во шест града во покраината Џеѓанг, при што е причина за смртта на 13 лица, а 16 се водат за исчезнати.

Поради тајфунот кој влијаеше врз животите на 3 милиони луѓе, од покраината се евакуирани 752.000 лица, а од градот Шангај во безбедни подрачја се префрлени 253.000 лица.

Тајфунот кој предизвика ветрови со брзина од 187 километри на час, освен во покраината Џеѓанг, се очекува да биде причина за врнежи и во покраините Анхуи, Фуџиен, Ѓиансу и во градот Шангај.

Поради тајфунот, во покраината Џеѓанг откажани се 288 летови, а покраинската Влада привремено ги откажа железничките и бродските линии.

Во подрачјата каде што е активен тајфунот, операциите ги водат повеќе од 1.000 спасувачки тимови, 150 противпожарни екипи и 100 чамци.

Се претпоставува дека Лекима ќе продолжи да напредува кон континенталниот дел на земјата.

Националниот метеоролошки центар вчера соопшти дека поради тајфунот Лекима во земјата е издаден црвен аларм.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın