Mahmut Atanur
05 Февруари 2019•Ажурирај: 06 Февруари 2019
ПЕКИНГ (AA) – Кинезите денес го одбележуваат крајот на годината на песот и влегуваат во годината на свињата, а по овој повод ги посетуваат своите семејства и храмовите низ Далечниот Исток и светот, јавува Anadolu Agency (AA).
Празникот на пролетта и кинеската Нова година се најважните празници во Кина кои се одбележуваат според кинескиот лунарен календар.
Овој празник датира од периодот на династијата Шанг и традицијата е долга повеќе од 4.000 години. Празникот трае 7 дена, но прославата и фестивалите дури 40 дена.
Празничната атмосфера, освен во цела Кина, владее и во соседните земји во кои живеат кинески заедници, вклучувајќи ја Индонезија, Малезија, Тајланд и Јапонија.
Илјадници луѓе утрово се собраа во храмот „Јонги Гонг“ во Пекинг, а полицијата презеде значителни безбедносни мерки.
Кинеските власти уште минатата година забранија употреба на огномет и пиротехника во метрополите, а забраната е на сила и оваа година.
Годината на свињата ќе трае 354 дена, а наредната кинеска нова година ќе биде одбележана на 24 февруари 2020 година.