Fuat Kabakçı
05 Февруари 2018•Ажурирај: 06 Февруари 2018
ПЕКИНГ (АА) - Во леарница за железо на југот од Кина дојде до истекување на гас од кој беа зафатени 18 работници. Од труење со гас починале 8 работници, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста што ја објави кинеската новинска агенција Синхуа, истекувањето на гасот се случило во леарница за железо во провинцијата Гуангдунгод, при што биле зафатени 18 работници.
Осуммина од работниците починале на самото место, додека 10 се префрлени во болница.
Официјалните претставници соопштија дека е започната истрага за откривање на причината поради која дошло до несреќата.