Kasım İleri
30 Мај 2022•Ажурирај: 31 Мај 2022
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот претседател Џо Бајден и неговата сопруга Џил го посетија основното училиште „Роб“ во Увалде, во сојузната држава Тексас, каде 18-годишен вооружен напаѓач уби 21 лице, меѓу кои 19 ученици, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Семејството Бајден присуствуваше и на комеморацијата пред основното училиште „Роб“ за 19 ученици и двајца наставници убиени во вооружен напад.
Претседателот Бајден и неговата сопруга положија цвеќе пред училиштето.
По посетата на училиштето, брачната двојка Бајден присуствуваше на молитвата за загинатите во нападот која се одржаа во градската католичка црква.

Бајден, кој претходно се сретна со претставници на училиштето, по мисата имаше средба со семејствата на жртвите и со персоналот за итна помош.
Големиот број на граѓани кои беа собрани во градината на училиштето и пред црквата, го повикаа Бајден да „направи нешто“ околу начините за купување оружје.
18-годишниот Салвадор Рамос, на 24 мај со автоматско оружје од типот „АР-15“ го нападна основното училиште „Роб“ во градот Увалде, застрела 19 ученици од исто одделение и двајца наставници.
Во текот на истрагата за нападот, особено семејствата на децата ја критикуваа полицијата дека не реагирала навремено на напаѓачот.