Davit Kachkachishvili
29 Мај 2022•Ажурирај: 30 Мај 2022
КИЕВ (АА) - Најмалку 30.150 руски војници досега загинале за време на војната во Украина, соопшти денес украинскиот Генералштаб, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Околу 150 руски војници загинале во изминатите 24 часа, се наведува во соопштението на украинскиот Генералштаб.
Се додава дека од почетокот на војната украинските сили уништиле 207 авиони, 174 хеликоптери, 1.338 тенкови, 3.270 оклопни возила, 631 артилерија, 203 ракетни фрлачи и 93 системи за противвоздушна одбрана.
„Русија изгуби и 2.240 возила, 13 бродови и лесни чамци и 504 беспилотни летала, како и 116 крстаречки ракети“, се додава во соопштението.
Руските податоци за бројот на загинати војници се далеку пониски од украинските бројки.
Според проценките на ОН, во војната досега загинале најмалку 4.031 цивил, а 4.735 се повредени. Се верува дека вистинските бројки се многу поголеми.
Над 6,7 милиони луѓе пребегале во други земји, додека над 7,7 милиони се внатрешно раселени, покажуваат податоците на Агенцијата за бегалци на ОН.