свет

Голем број еврејски доселеници упаднаа во комплексот на џамијата Ал Акса

Очевидци рекоа дека израелската полиција извршила упад во дворот на џамијата и им дозволила на доселениците да влезат преку влезот Ал-Мугарба во комплексот

Ekipa  | 29.05.2022 - Обновена : 30.05.2022
Голем број еврејски доселеници упаднаа во комплексот на џамијата Ал Акса

КУДС (АА) - Голем број еврејски доселеници утрово насилно влегоа во комплексот на џамијата „Ал Акса“ во Источен Кудс (Источен Ерусалим), во период на тензиите околу планираниот Марш на знамето од страна на доселениците низ окупираниот град, јавува Агенција Анадолија (АА).

Очевидци рекоа дека израелската полиција извршила упад во дворот на џамијата и им дозволила на доселениците да влезат преку влезот Ал-Мугарба во комплексот.

Пратеникот од крајната десница Итамар Бен Гвир, и голем број негови поддржувачи, биле меѓу оние кои упаднале во комплексот.

Според очевидците, израелската полиција ги бркала палестинските верници во комплексот. Израелските сили привеле голем број верници.

Упадот на еврејските доселеници во комплексот на Ал Акса доаѓа во време кога израелските доселеници планираат да организираат марш за да го одбележат, како што го нарекуваат, денот на обединувањето на Ерусалим, мислејќи на израелската окупација на градот во 1967 година.

Џамијата Ал Акса е третото најсвето место во светот за муслиманите. Евреите ја нарекуваат оваа област Планина на храмот, велејќи дека тоа е местото на два еврејски храма во древно време.

Од 2003 година, Израел им дозволува на доселениците да влезат во комплексот речиси секојдневно.

Израел го окупира Источен Ерусалим, каде што се наоѓа Ал Акса, за време на арапско-израелската војна во 1967 година. Израел го анектира целиот град во 1980 година, потег што никогаш не беше прифатен од меѓународната заедница.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.