свет

Непал: Авион со 22 лица исчезна од радарот

Фаниндра Мани Похарел, висок претставник во Министерството за внатрешни работи, за АА изјави дека е започната операција за пребарување и спасување

Marc Douglas Chenault  | 29.05.2022 - Обновена : 30.05.2022
Непал: Авион со 22 лица исчезна од радарот

ЊУ ДЕЛХИ (АА) - Приватен авион во кој имало 22 лица исчезна во Непал, соопштија денес властите, јавува Агенција Анадолија (АА).

Авионот од типот „Отер“ 9N-AET што припаѓа на компанијата „Тара ер“ полетал од градот Похара.

Фаниндра Мани Похарел, висок претставник во Министерството за внатрешни работи, за АА изјави дека е започната операција за пребарување и спасување.

„Во авионот имало 19 патници и тројца членови на екипажот“, рече тој и додаде дека за негово пронаоѓање се распоредени хеликоптери.

Похарел истакна дека авионот изгубил контакт утрината откако полетал од аеродромот.

Весникот на англиски јазик „Катманду пост“ објави дека во авионот имало и неколкумина индиски државјани.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın