Emre Aytekin
27 Јуни 2019•Ажурирај: 30 Јуни 2019
ТОРЕНС
На Бахамските Острови во Карипското Море животот го загуби девојка која беше нападната од ајкули, јавува Anadolu Agency (AA).
Директорот на Кралската полиција на Бахами, Пол Рол, изјави дека Американката Џордан Линдзи која го минувала својот одмор на островот Роуз, починала откако била нападната од ајкули додека пливала во морето.
Линдз (21), и покрај предупредувањата од нејзиното семејство да не се оддалечува, нуркајќи во близина на брегот, била нападната од три ајкули, по што починала како последица од добиените тешки повреди.
Линдзи била мртва кога била донесена во болница.