Zehra Nur Düz
02 Септември 2019•Ажурирај: 03 Септември 2019
МАЈАМИ/АНКАРА (АА) - Ураганот Доријан, кој премина во петта категорија на урагани, ги зафати Бахамите, пред да ја продолжи прогнозираната патека на движење кон американската сојузна држава Флорида, соопшти Националниот центар за урагани, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Ураганот Доријан стигна до брегот на островите Абакос на Бахамите“, соопшти Центарот.
Американскиот центар за урагани истакна дека брзината на максималниот ветер се зголемила на 297 км/ч со налети од над 354 км на час.
Ова досега е најголемата брзина на ураган од Атлантикот со која се има спуштено на копно, заедно со ураганот Ден на трудот во 1935 година.
„Молете се за жителите на Бахамите. Погодени се (од ураган) како никогаш досега, категорија 5. Брзина на ветрови од речиси 360 км на час“, напиша американскиот претседател, Доналд Трамп, на Твитер.
Американскиот центар за урагани издаде предупредување и за делови на источниот брег на Флорида.
Трамп го откажа планираното патување за Полска поради приближувањето на ураганот Доријан кон брегот на САД.