Sayed Khodaberdi Sadat
01 Септември 2019•Ажурирај: 02 Септември 2019
КАБУЛ
Во северниот дел на Авганистан, во местото Гурзиван, сместено во провинцијата Фарјаб, извршен е воздухопловен напад во кој животот го загубија 12 цивили, јавува Anadolu Agency (AA).
Вршителот на должност на советот на провинцијата Фарјаб, Сибгатулах Силаб, информираше дека во напад на авганистанските воздухопловни сили животот го загубиле 12 цивили.
Силаб соопшти дека меѓу загинатите има и деца, додавајќи дека сѐ уште не знае дали нападот е изведен по грешка.
Портпаролот на Министерството за одбрана на Авганистан, Фавад Аман, зборувајќи за воздухопловниот напад, соопштил дека со него им е зададен голем удар на Талибанците, додавајќи дека е започната истрага во врска со цивилните жртви.