Zehra Ulucak
05 Јули 2019•Ажурирај: 06 Јули 2019
НАСАУ (AA) - Седум лица го загубија својот живот како резултат на срушувањето на хеликоптер на отворени води кај Бахамските Острови, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението од полицијата на Бахамите, хеликоптерот, со кој се транспортирале 7 Американци кон американската сојузна држава Флорида, се изгубил од радарот по извесно време откако полетал од островот Гранд Кеј.
Локалните власти и локалните жители го открија местото каде што се срушил хеликоптерот на отворени води на далечина од 3 километри.
Полицијата соопшти дека во несреќата загинале седум лица, од кои 4 жени и 3 мажи.
Сè уште не се знае причината за несреќата, а започната е истрага околу случајот.