Betül Yürük
06 Септември 2019•Ажурирај: 07 Септември 2019
ЊУЈОРК (АА) - Ураганот Доријан кој ги погоди Бахамите досега одзеде 30 животи, јавува Anadolu Agency (AA).
Претседателот Хуберт Минис изјави дека бројот на загинати од ураганот се зголемил на 30.
Ураганот Доријан е досега најголем ураган кој го погодил ова подрачје, предизвикувајќи голема оштетувања, а илјадници лица останаа без своите домови.
Додека се одвиваат спасувачкие операции на Бахамите, се стравува од можно зголемување на бројот на загинати.
Обединетите нации соопштија дека на Бахамите е потребна итна хуманитарна помош за 70.000 лица и дека во подрачјето ќе испратат 8 тони помош во храна.
Ураганот Доријан пристигна до источниот брег на САД и добивајќи на интензитет се искачи во 3. категорија, по извесен период повторно се врати во ураган од 2. категорија, и продолжува да претставува закана во американските сојузни држави Јужна и Северна Каролина.
Силниот ветар и дожд се причина за поплави и преливања во градот Чарлстон во сојузната држава Јужна Каролина, а во Јужна и Северна Каролина повеќе од 220.000 домови и работни места се без електрична енергија.