Ekipa
27 Јуни 2019•Ажурирај: 28 Јуни 2019
ТУНИС (АА) - Во главниот град на Тунис извршени се два последоватални напади врз полициска станица и врз полициско возило, пренесува Anadolu Agency (AA).
Министерството за внатрешни работи на Тунис соопшти дека бил извршен и втор самоубиствен напад, чија цел била полициска зграда во подрачјето на Ел Керџани.
Пред овој напад беше избршен самоубиствен бомбашки напад врз полициско возило во овој град.
Туниското МВР нагласи дека едно лице ја активирало експлозивната направа додека се наоѓало во близина на полициското возило, и дека во двата напада повредени биле девет лица, од кои шест полицајци.
Од друга страна, неидентификувани лица во Тунис во околу 3:30 часот извршија оружен напад врз телевизиска станица во градот Гафса, во јужниот дел на земјата.