Jeyhun Aliyev
03 Септември 2019•Ажурирај: 03 Септември 2019
АНКАРА (АА) - Најмалку пет лица смртно настрадаа во налетот на ураганот Доријан на Бахамите, потврди на прес-конференција премиерот на земјата, Хјуберт Минис, пренесува Anadolu Agency (AA).
Премиерот Минис истакна дека повредени се најмалку 21 лице и додаде дека ураганот ја продолжува својата патека кон копното на Соединетите Американски Држави (САД).
„Доријан останува исклучително опасна бура“, напиша Минис на Твитер во текот на денот, нагласувајќи дека на северните бахамски острови Абако, каде што беа регистрирани деструктивни ветрови и обилни врнежи од дожд, „штетата е со огромни димензии“.
Ураганот, со брзина на ветровите од 295 километри на час, е еден од најмоќните урагани досега регистрирани во Атлантскиот Океан.
Националниот центар за урагани соопшти дека Доријан се движи кон американската сојузна држава Флорида како ураган од 4. категорија, и дека е можно да нема директен удар на копното.