свет

Арапскиот Парламент ги осуди изјавите на Макрон за Алжир

Парламентот ја потврди својата „поддршка за раководството и за народот на Алжир против секоја злоупотреба што влијае на неговиот идентитет, историско наследство и достигнувања испишани со крвта на милиони маченици“

Gözde Bayar  | 21.10.2021 - Обновена : 22.10.2021
Арапскиот Парламент ги осуди изјавите на Макрон за Алжир

АНКАРА (АА) - Арапскиот Парламент ги осуди неодамнешните изјави на францускиот претседател Емануел Макрон за Алжир, нарекувајќи ги неодговорни и неприфатливи, јавува Агенција Анадолија (АА).

Парламентот соопшти дека e изненаден од коментарите „кои ја негираат срамната колонијална историја“.

Исто така, го осуди нападот врз историјата на Алжир, која е почесна историја и на арапскиот свет, особено со неговото богато културно наследство на отпор, пожртвуваност и борба за слобода.

Парламентот ја потврди својата „поддршка за раководството и за народот на Алжир против секоја злоупотреба што влијае на неговиот идентитет, историско наследство и достигнувања испишани со крвта на милиони маченици“.

Исто така, повика на неопходноста од почитување на меѓународните принципи вкоренети во глобалната совест за почитување на суверенитетот на државите и немешање во нивните внатрешни работи.

Парламентот ја повтори својата поддршка за алжирскиот демократски пат под водство на претседателот Абделмаџид Тебун.

Во саботата, Алжир објави соопштение во кое ги осудува изјавите на францускиот претседател за колонијалното минато.

Минатиот четврток, Макрон даде изјави за Алжир и ги обвини алжирските власти дека поттикнуваат омраза против Франција.

„Дали постоеше алжирска нација пред француската колонизација? Тоа е прашањето.“, рече Макрон.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.