свет

Оружен напад во градината на Дијанет на Америка: 1 повреден

- Едно лице е повредено во оружен напад што се случи во градината на Управата за верски работи (Дијанет) на Америка (DCA), лоцирана во близина на главниот град на САД, Вашингтон

Dildar Baykan Atalay  | 21.10.2021 - Обновена : 22.10.2021
Оружен напад во градината на Дијанет на Америка: 1 повреден Фото: Јасин Озтурк / АА

ВАШИНГТОН 

Едно лице е повредено во оружен напад што се случи во градината на Управата за верски работи (Дијанет) на Америка (DCA), лоцирана во близина на главниот град на САД, Вашингтон, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според информациите добиени од полициски извори, неидентификувано лице отворило оган веднаш по погребната молитва која е одржана во центарот во државата Мериленд, напладне по локално време.

Лицето кое е повредено во нападот е пренесено во болница. Властите наведуваат дека повредениот не е во животна опасност и дека сѐ уште се трага по напаѓачот.

Додека полициската истрага за инцидентот продолжува, изворите истакнаа дека инцидентот нема поврзаност со Управата за верски работи (Дијанет) и дека се работи за индивидуален напад.

Исто така, се додава дека Управата на центарот тесно соработува со локалните власти за да се идентификува напаѓачот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.