Zeynep Tüfekçi
20 Септември 2017•Ажурирај: 20 Септември 2017
МОСУЛ (АА) - Најмалку 48 припадници на терористичката организација ДЕАШ беа убиени за време на операцијата извршена во регионот на Мосул и Анбар во Ирак, јавува Anadolu Agency (AA).
Службеникот на ирачката војска, Џабар Хасан, во изјава за АА рече дека во областа Тел Афер во Мосул е извршена акција, при што загинале 26 припадници на ДЕАШ. Меѓу нив се и некои водечки имиња на терористичката организација, ирачки и странски државјани.
Акции се спроведени и во западниот дел на Анбар, каде што се убиени 22 припадници на ДЕАШ.
Ирачката армија објави дека во операцијата се уништени четири автомобили-бомби и 443 експлозивни направи. Од мини и експлозивни направи беше исчистена површина од 75 квадратни километри.