Ekipa
20 Септември 2017•Ажурирај: 20 Септември 2017
ЏАКАРТА (АА) - Владата на Индонезија го затвори училиштето „Ibn Mas'ud“ (Ибн Масуд), во градот Богор во Западна Јава, за кое постојат индикации дека е поврзано со терористичките мрежи и каде што учениците се подучуваат на радикализам, јавува Anadolu Agency (AA).
„Да, училиштето 'Масуд' е затворено“, потврди за АА портпаролот на 'Amnesty International' (Амнести Интернешнал) во Индонезија“, Хaeрил Халим.
Директорот на Институтот за правна помош во Џакарта, Алхифари Акса, изјави дека стравува оти затворањето на училиштето би можело да предизвика гнев кај учениците и да ги втурне подлабоко во радикализмот.
„Не би требало да го затвораме училиштето, туку да се достават сите информации доколку некој во таа установа е поврзан со тероризмот“, порача Акса, слични пораки упатија и друтие организации кои се борат за човекови права.
Шефот на индонезиската Агенција за борба против тероризмот, комесарот Сухарди Алиус, соопшти дека одлуката за затворање на училиштето е донесена по истрагата која открила дека установата немала уредна лиценца за работа, и дека е поврзана со тероризмот.
„Во тоа училиште работат одредени наставнции кои претходно биле депортирани поради членство во забранети организации“, изјави Алиус.
Најмалку 12 лица од училиштето „Ибн Масуд“ во изминатите три години биле на боиштата на Блискиот Исток и се бореле во редовите на ДЕАШ. Последен таков пример беше 13-годишниот ученик на тоа училиште Хатф Саифул Расул, кој загина во Сирија.
И локалното население претходно поднесе петиција до надлежните институции да го затворат училиштето чиј наставник минатиот месец беше спречен во обидот да го запали националното индонезиско знаме на Денот на независноста на земјата.
Според официјалните податоци на полицијата, досега во редовите на терористичката организација ДЕАШ влегле 671 државјанин на Индонезија, меѓу кои 196 малолетници.