свет

Американскиот претседател Трамп и сирискиот претседател Шара се сретнаа во Белата куќа

- Заврши средбата зад затворени врати меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и сирискиот претседател Ахмед Шара

Hakan Çopur  | 10.11.2025 - Обновена : 10.11.2025
Американскиот претседател Трамп и сирискиот претседател Шара се сретнаа во Белата куќа

ВАШИНГТОН (АА) - Средбата меѓу американскиот претседател Трамп и сирискиот претседател Шара траеше 1,5 час, а Белата куќа сè уште не објави информации во врска со средбата, известува Анадолу.

За време на средбата биле дискутирани многу теми, од укинувањето на санкциите кон Сирија до регионални прашања.

Сирискиот претседател Шараа на излезот од Белата куќа слегол од својот автомобил и ги поздрави Сиријците што го чекале.

Средбата на Шара со Трамп е прва средба на сириски шеф на држава со американски претседател во Белата куќа.

Американската администрација на период од 6 месеци ги суспендираше санкциите кон Сирија во рамките на Цезаровиот закон.

Министерството за финансии на САД објави дека санкциите кон Сирија според Цезаровиот закон за цивилна заштита е делумно суспендиран на период од 180 дена.

Во писмено соопштение што го објави Министерството за финансии на САД го сподели со јавноста дадени се информации во врска со ажурираниот дел за санкциите кон Сирија на 10 ноември.

Во соопштението се вели:

„На 10 ноември, државниот секретар делумно ја суспендираше примената на санкциите од Цезаровиот закон на период од 180 дена за да ја демонстрира нашата посветеност на продолжување на олеснувањето на санкциите кон Сирија.“

Со споменатата одлука на 180-дена ги суспендираше санкциите воведени кон Сирија според Цезаровиот закон што беа донесени на 23 мај.

Во соопштението се наведува дека трансакциите поврзани со Русија и Иран, како и трансферот на стоки, технологија, софтвер, средства, финансирање или услуги што потекнуваат од овие земји, се исклучени од оваа одлука.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın