Meiramgul Kussainova
11 Јануари 2022•Ажурирај: 11 Јануари 2022
НУР СУЛТАН
Алихан Смаилов стана нов премиер на Казахстан, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Претседателот на Казахстан Касим Џомерт Токаев на пленарната седница на Собранието на Казахстан ја претстави кандидатурата на Алихан Смаилов за премиерската функција.
Смаилов беше изгласан од сите пратеници на политичките партии, со што стана 12-ти претседател на Владата на земјата.
Алихан Смаилов (50), беше прв вицепремиер во претходната влада. Функцијата привремен претседател на владата ја презеде на 5 јануари, кога владата предводена од поранешниот премиер Аскар Мамин поднесе оставка по протестите против поскапувањата на течниот нафтен гас (ТНГ) во земјата.
Во своето прво обраќање како премиер по гласањето, Смаилов му се заблагодари на претседателот Токаев и пратениците што му ја дадоа довербата во едно вакво време.
Наведувајќи дека негова примарна должност е да обезбеди макроекономска стабилност и да ја намали инфлацијата во земјата, Смаилов рече: „Сите законски барања на граѓаните ќе бидат евидентирани и имплементирани.“