Hamdi Çelikbaş
11 Јануари 2022•Ажурирај: 11 Јануари 2022
АНКАРА
Земјотрес со магнитуда од 6,4 степени утринава е почувствуван во Средоземното море кај југозападниот брег на островот Кипар, објави турската агенција за управување со катастрофи, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Земјотресот се случи во 04:07 часот по локално време, околу 215 километри од турската област Мерсин, соопшти Управата за управување со катастрофи и вонредни ситуации (АФАД).
Епицентарот на земјотресот е регистриран на 5,06 километри под површината.
Земјотресот особено се почувствувал на Кипар и во турските области Анталија, Мерсин, Хатај, Адана, Испарта, Бурдур и Коња.
Моментално нема извештаи за евентуални жртви или за материјална штета.